Голем пожар избувна во бродоградилиштето каде што се градат нуклеарни подморници во англиската област Камбрија.
На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии од пламен и чад што извира од бродоградилиште во градот Бароу-ин-Фернес.
– Нема загинати, а две лица се хоспитализирани – изјавија од полицијата за Скај њуз.
Полицијата соопшти дека истрагата за инцидентот е во тек и дека луѓето се евакуирани од бродоградилиштето, како и дека нема нуклеарна опасност.
Сепак, полицијата ги советуваше луѓето што живеат во близина на бродоградилиштето „да останат внатре додека спасувачките тимови се справуваат со инцидентот и да ги држат затворени вратите и прозорците“.