Фолксваген најави затворање на три фабрики, Германија на нозе

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
epa11688697 Daniela Cavallo (L), Chairwoman of the General and Group Works Council of Volkswagen AG, and Thorsten Groeger (R), IG Metall negotiator, participate in an informational event organized by the General Works Council of Volkswagen AG at the company's main plant in Wolfsburg, Germany, 28 October 204. The event will address topics such as wage reductions, possible plant shutdowns, and workforce layoffs. EPA-EFE/JULIAN STRATENSCHULT / POOL
- Advertisement -
Ad image

Германската влада го повика Фолксваген (Volkswagen) да ги заштити работните места, откако работниците излегоа на предупредувачки штрајк револтирани од намерата на раководството на компанијата да затвори најмалку три фабрики во земјата и да отпушти десетици илјади работници, а на останатите да ги намали платите за 10%.  За денеска се закажани дополнителни разговори меѓу Фолксваген и синдикалните лидери пред утрешните нови разговори за колективните договори.

– Добро е познато дека Фолксваген е во тешка ситуација… Ставот на канцеларот е јасен, а тоа е дека евентуалните погрешни менаџерски одлуки од минатото не смеат да бидат товар на вработените. Сега е важно да се зачуваат и обезбедат работните места – изјави портпаролот на канцеларот Олаф Шолц.

Штрајковите ги свика германскиот синдикат ИГ Метал, кој го започна првиот бран протести во металуршката и во електричната индустрија по неуспешните колективни договарања за платите и за другите работни услови за околу 3,9 милиони работници во германскиот автомобилски и во други производствени сектори.

Според синдикатот, околу 250 работници штрајкувале во фабриката на Фолксваген во градот Оснабрик во северозападна Германија.

Фолксваген, според планот за реструктуирање, има намера да ги намали сите преостанати погони, што треба да резултира со аутсорсинг на многу задачи и цели оддели на надворешни даватели на услуги.

Извршниот директор на компанијата Томас Шефер изјави дека планот е за опстанок на компанијата.

– Не сме доволно продуктивни на нашите германски локации, а нашите фабрички трошоци во моментов се 25 до 50% над целта. Тоа значи дека некои од нашите германски фабрики се двојно поскапи од конкуренцијата – рече тој нагласувајќи дека операциите не можат да продолжат како досега.

Работниците, пак, имаат спротивен став.

– Ова е планот на најголемата индустриска групација во Германија, да започне продажба во матичната земја. Сите германски фабрики на Фолксваген се погодени од ова. Никоја од нив не е безбедна – изјави претседателката на Генералниот работнички совет Даниела Кавало.

- Advertisement -
Ad image

Кавало ги повика политичарите да создадат сеопфатен план за транзиција кон електрични возила и да ја зголемат одржливоста на Германија како индустриски центар.

Реакцијата на работниците и на синдикатите доаѓа откако Фолксваген го издаде своето второ предупредување за пад на профитот за помалку од 3 месеци.

– Слабата побарувачка на кинескиот и на европскиот пазар, заедно со неуспешната транзиција кон електрични возила, ги погодија приходите на компанијата – изјавија од компанијата.

- Advertisement -
Ad image

Управниот одбор на 2 години ги замрзна платите кои претходно треба да се намалат за 10%. Одборот бара и укинување на колективниот бонус од 167 евра месечно, како и други бонуси.

Доколку се остварат плановите за затворање, тоа ќе биде прв пат Фолксваген да затвори фабрика во својата матична земја во својата 87-годишна историја. Компанијата сега има 10 фабрики во Германија.

Но не е сѐ завршено. Се типува на продажбата на најстариот модел на Фолксваген – „голф“.

Иако повеќе не е лидер во европската продажба на нови автомобили „голф“ и понатаму е најважниот и во исто време најпродаваниот модел на компанијата со 20% поголема продажба оваа година од лани.

„Голф“ 8 беше лансиран во најтешкото време за овој модел. Тој пристигна на пазарот во моментот на електрификација и на пазарот и на брендот, додека газдите бомбастично најавија прекин со минатото и преминување кон електромобилност.

„Голф“ е единствениот модел на Фолксваген кој за девет месеци забележа продажба од 165.000 автомобили во Европа. Спротивно на тоа, најпродаваниот електричен модел, ID.4, испорача нешто помалку од 46.000 единици. Сите други електрични модели, заедно со најпродаваните, не можат ни да се доближат до „класичниот голф“.

Концернот Фолксваген има околу 670.000 вработени низ светот, од кои 295.000 се во Германија.

Share This Article