More

    Унгарија дава зелено светло за помошта на НАТО за Украина

    spot_img

    Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и унгарскиот премиер Виктор Орбан се согласија во средата во Будимпешта дека земјата „нема да ја блокира“ Алијансата да ѝ пружи поголема помош на Украина во борбата против руската окупација.

    Но, тие исто така се согласија Унгарија да не придонесува со средства и војници за ваквите напори на НАТО, пренесува Гласот на Америка.

    – Унгарија нема да ги блокира другите сојузници да се договорат за ветувањето за финансиска поддршка на Украина и водечката улога на НАТО во координирањето на поддршката за Украина – рече Столтенберг, додавајќи дека унгарските средства и персонал нема да се користат за поддршка на борбата против руската агресија.

    Орбан, веројатно најблискиот сојузник на Москва во ЕУ, е воздржан во врска со вмешаноста на НАТО во конфликтот и предложи нова дефиниција за позицијата на Будимпешта за да ги спречи унгарските сили да учествуваат во операции надвор од територијата на членките на НАТО.

    – Унгарија нема да ги блокира одлуките во НАТО за давање поддршка на Украина и мојата земја останува лојална и посветена членка на НАТО – рече Орбан.

    На ова Столтенберг додаде:

    – Ја прифаќам таа позиција.

    Генсекот на НАТО нагласи дека со Орбан се договорил за „модалитетите за неучество на Унгарија во поддршката на НАТО за Украина“.

    – Во исто време, премиерот ме увери дека Унгарија нема да се спротивстави на овие напори, дозволувајќи им на другите сојузници да продолжат напред, и потврди дека Унгарија ќе продолжи да ги исполнува своите обврски кон НАТО во целост – додаде Столтенберг.

    Посетата на Столтенберг на Будимпешта се совпаѓа со неговите напори да добие поголема поддршка пред самитот во Вашингтон следниот месец за Алијансата да ја зголеми својата улога во помагањето на војската на Украина во нејзината војна против руските инвазивни сили.

    Се очекува на самитот во Вашингтон следниот месец, американскиот претседател Џо Бајден и другите лидери на членките на НАТО да договорат нов систем за обезбедување попредвидлива и долгорочна помош во областа на безбедноста и воената обука на Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img