Жена од градот Монтебелуна, северна Италија, фрлила стар душек за кревет, полн со накит и со пари, „тежок“ околу 50.000 евра

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Жена од градот Монтебелуна, северна Италија, фрлила стар душек за кревет, полн со накит и со пари, „тежок“ околу 50.000 евра, пишува весникот „Трибуна ди Тревизо“ (Tribuna di Treviso).

Сметајќи го дотраениот душек за тежок отпад, кој само зафаќа многу простор, куќната помошничка го извадила од гаражата на сопственичката, постара жена, и го однела на градската депонија. Помошничката не знаела дека душекот е користен како складиште за пари, накит и за кредитни картички.

По неколку часа, постарата жена забележала дека душекот веќе не е на своето место, па нејзината ќерка веднаш стапила во контакт со полицијата.

Така, заедно со околните општински службеници стигнале до депонијата. Потрагата потоа траела дури еден час, но душекот е пронајден, а со него и недопреното богатство.

Share This Article