More

    Србија ги доби забелешките од Европската комисија

    spot_img

    Србија не воведе санкции против Русија, задржа односи на високо ниво со таа земја и ги интензивираше односите со Кина, што отвора прашања за нејзината стратешка насока, се наведува во нацрт-извештајот на Европската комисија за напредокот на Србија кон членството во ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград.

    „Србија сè уште не се усогласи со ниту една од рестриктивните мерки против Руската Федерација, ниту пак со повеќето изјави на високиот претставник за ова прашање. Одржуваше односи на високо ниво со Руската Федерација и ги интензивираше односите со Кина, што го поставува прашањето за стратешката насока на Србија, се вели во нацрт“, извештајот за Србија, до кој Хина имаше пристап.

    Утре Комисијата ќе го објави пакет за проширување, чиј клучен дел се извештаите со кои се оценува напредокот во реформите на секоја од земјите на патот кон членство во ЕУ. Извештајот за напредокот се објавува еднаш годишно и игра важна улога во следењето на напредокот на земјите кандидати на тој пат.

    Србија не прифати и низа други изјави на високиот претставник дадени во име на ЕУ и рестриктивните мерки кон Кина, Белорусија, Иран, Северна Кореја и Венецуела. Покрај тоа, летовите за Русија станаа се пофревквентни. Од Србија се очекува постепено да се усогласува со политиките и ставовите на ЕУ кон трети земји, вклучително и со рестриктивни мерки.

    Се наведува и дека Србија продолжила да соработува со ЕУ во напорите за спречување на избегнување на санкциите и да обезбеди финансиска и хуманитарна помош за Украина.

    -Србија допрва треба да покаже вистинска посветеност на истрагата и пресудувањето на воените злосторства. Голем број српски политички партии, политичари и медиуми продолжуваат без последици да обезбедуваат поддршка и јавен простор за осудените воени злосторници и да ги негираат воените злосторства, вклучително и геноцидот во Сребреница, се наведува во нацртот, во кој се споменуваат и голем број исчезнати лица.

    Србија се уште не ја усогласила својата визна политика, иако ЕУ постојано ја повикува на тоа. Белград има безвизен режим со 16 земји чии граѓани им треба виза за влез во ЕУ.

    Усогласувањето со визната политика за ЕУ ​​е многу важно за да се намали притисокот на илегалните мигранти. Многумина од нив доаѓаат во Србија како туристи, а потоа се обидуваат илегално да влезат во ЕУ и да бараат азил. Србија има безвизен режим главно со земјите кои не ја признале независноста на Косово.

    Што се однесува до билатералните односи, Србија останува посветена на одржување добри билатерални односи со другите земји од процесот на проширување и со соседните членки на ЕУ.

    Односите со Хрватска „сè уште се обележани со ад хок антагонистички јавни размени и дипломатски демарши“.

    Односите со Босна и Херцеговина се добри и генерално стабилни, иако резолуцијата на ОН за Сребреница доведе до политички тензии, се вели во нацртот. Се додава и дека високи српски функционери учествуваат на нелегалниот Ден на Република Српска, 9 јануари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img