More

    Гутереш изјави дека спроведувањето на законот, според кој на агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци УНРВА ќе ѝ биде забрането да дејствува во Израел

    spot_img

    Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека спроведувањето на законот, според кој на агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци УНРВА ќе ѝ биде забрането да дејствува во Израел, може да има катастрофални последици за палестинските бегалци во окупираните палестински територија, што е неприфатливо.

    – Нема алтернатива за УНРВА. Спроведувањето на овие закони би било штетно за решението на израелско-палестинскиот конфликт, како и за мирот и безбедноста во целиот регион. Како што реков претходно, УНРВА е незаменлива – рече Гутереш.

    Генералниот секретар на ОН додаде дека на дневен ред на Генералното собрание на ОН ќе го стави прашањето за активностите на УНРВА.

    Израелскиот парламент во понеделникот усвои закон со кој се забранува на агенцијата за помош на ОН УНРВА да работи во земјата, што може да влијае на нејзините операции во Појасот Газа. Предлагачите на законот ја обвинуваат вмешаноста на дел од персоналот на УНРВА во нападот врз Израел на 7 октомври минатата година и нивното членство во Хамас и други вооружени групи.

    Владите на Шпанија, Словенија, Ирска и Норвешка во понеделникот ја осудија одлуката на Израел да ја забрани работата на агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци УНРВА на окупираните палестински територии, објавија четирите земји во заедничката изјава.

    „УНРВА има мандат од Генералното собрание на Обединетите нации. Работата на агенцијата е суштинска и незаменлива за милионите палестински бегалци во регионот, особено во сегашниот контекст на Газа. Законодавството одобрено од Кнесетот претставува многу сериозен преседан за работа на Обединетите нации и сите организации од мултилатералниот систем“, се наведува во соопштението.

    Од 7 октомври минатата година, израелската армија убила 43.020 Палестинци во Појасот Газа, од кои повеќето жени и деца, соопшти Здравствената служба во Газа. Истовремено, повредени се 101.110 лица.

    „Шпанија, Словенија, Ирска и Норвешка ќе продолжат да работат со донаторите и земјите домаќини за да обезбедат одржливост на работата на УНРВА и нејзината хуманитарна улога“, соопштија владите на Мадрид, Љубљана, Даблин и Осло.

    Овие четири земји ја признаа независноста на Палестина оваа година во границите од 1967 година, барајќи повлекување на израелската армија од окупираните територии.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img