Холивудскиот актер и режисер Мел Гибсон ја навреди Камала Харис потенцирајќи дека таа има лоша репутација и коефициент на интелигенција како ограда.
Гибсон го поддржува Доналд Трамп на претстојните американски избори и истакнува дека не е тајна дека ќе гласа за него. Тој вели дека знае оти нема да биде добро доколку Харис стане лидер на САД.
Во видеото објавено од американскиот портал ТМЗ, репортерот кој го „улови“ Гибсон додека се шеташе низ аеродромот го праша: „Изборите се за неколку дена, што мислите?“.
„О, човеку, тоа е големо прашање. Мислам дека никој нема да се изненади од тоа за кого ќе гласам“, му одговворил Гибсон.
„Да погодам тоа ќе биде Трамп“, му рекол новинарот на Гибсон, додавајќи: „Дали е тоа лоша претпоставка?“, на што Гибсон одговорил: „Мислам дека тоа е мошне добра претпоставка“.
На прашањето како го гледа светот доколку Трамп го добие вториот мандат, Гибсон додал дека знае како ќе изгледа доколку победи Харис, потенцирајќи дека тоа не би било добро.
„Таа има коефициент на интелигенција како ограда“, рекол тој, додавајќи дека за нејзините предлози и политика не вреди да се зборува.