Киријата обично е добар показател за тоа колку е скап еден град, а новото истражување открива кои дестинации во Европа имаат највисоки кирии.Така Лондон е прогласен за најскапо место за изнајмување во Европа, пишува Крстарица.
Врз основа на податоците од Euronews и Rightmove, просечната кирија во Лондон порасна на неверојатни 3.220 евра месечно – 2,5 отсто повеќе во однос на минатата година.
На второ место е Амстердам, каде месечната кирија за еднособен наместен стан чини 2.275 евра. Холандските градови се истакнати на оваа листа, а меѓу првите 10 се Ротердам, Хаг и Утрехт.
Најскапите градови за изнајмување во Европа:
Лондон, Велика Британија: 3.220 евра
Амстердам, Холандија: 2.275 евра
Рим, Италија: 2.000 евра
Париз, Франција: 1.862 евра
Ротердам, Холандија: 1.795 евра
Хаг, Холандија: 1.790 евра
Минхен, Германија: 1.770 евра
Утрехт, Холандија: 1.746 евра