More

    Николоски смета дека пругата има смисла само ако е изградена од двете страни

    spot_img

    Пруга со Бугарија ќе има во оној момент кога ние и Бугарија ќе се договориме дека заеднички ќе ја завршиме пругата, затоа што поентата е Скопје и Софија да се спојат, а цената да биде ревидирана бидејќи сега е многу висока, изјави министерот за транспорт и врски Александар Николоски.

    – Не може ние да платиме 560 милиони евра за 24 километри пруга. Недозволиво е, прескапо е, никаде во светот го нема тоа. Брза пруга се гради за 10-12 милиони евра по километар, тука пруга со 60-80 км на час, спора пруга за 24 милиони евра. Недозволиво е толкава да е разликата, каков сака нека е теренот – рече  тој.

    Тој информира дека е почнат дијалог со Бугарија која веќе ги прифатила нашите аргументи. Се очекува втор дијалог на 31 октомври.

    – Имајќи предвид дека Бугарија конечно ги прифати нашите аргументи, имаше еден дијалог во Брисел со претставници од двете страни, вториот дијалог ќе биде на 31 октомври во Софија, доколку има потреба од трет ќе се сретнеме во Скопје. Ние сме отворени да најдеме заедничко решение. Она што не сакаме да ни се случи е „граничен премин Клепало“. А знаете како заврши тој премин? Од наша страна е изграден, а од бугарска страна е шума. Јас таков проект не сакам – рече Николоски.

    Тој го повтори ставот дека пругата има смисла само доколку се изгради на двете страни.

    – Тоа што го кажував со месеци, но неодамна го потврди бугарската министерка за транспорт која кажа дека немаат проект и би го завршиле до 2026, а би го изградиле до 2030 година. Јас кога кажував дека во тој тендер што го поништив, пишуваше дека проектот треба да се заврши за четири години, прашував што ќе правиме останатите две години, затоа што, ако ние го потпишевме тендерот во октомври 2024, изградбата требаше да се заврши во октомври 2028, а Бугарија вели дека ќе работи до 2030 година – рече Николоски.

    На средбата во Брисел што се одржа неодамна, двете страни се согласија заеднички да го пробијат тунелот на Коридорот 8 што претставува клучен услов за реализација на проектот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img