Најмалку 20 лица загинаа во два израелски воздушни напади во текот на ноќта врз Кан Јунис, на југот на Појасот Газа, соопшти Цивилната одбрана на оваа палестинска територија.
Во првиот удар на семејна куќа во областа Ал-Манара, на југоистокот од градот, загинаа 14 лица.
Таа беше цел и во вториот напад, каде што беа убиени шест лица, изјави утринава портпаролот на цивилната одбрана Махмуд Басал.
Израелската војска соопшти дека „елиминирала неколку терористи од воздух и од земја и демонтирала бројни терористички инфраструктури“.
Израелската армија ги продолжува операциите во Појасот Газа и започна нова офанзива на северот на територијата каде што тврди дека борците на Хамас се прегрупираат.