Перински ги коментираше најавите на Јакимовски и на Костадинов

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Секоја најава за нарушување на единството на ЗЕЛС му штети и на ЗЕЛС и на сите општини, оценува министерот за локална самоуправа Златко Перински по најавите на општините Струмица и Карпош дека ќе го напуштат ЗЕЛС.

– ЗЕЛС е единствената асоцијација на единиците на локалната самоуправа која што има мандат да ги застапува нивните интереси пред Владата. Добро е и во иднина да остане така. Ваквото однесување сериозно ја нарушува позицијата на ЗЕЛС, затоа што само единствен ЗЕЛС може да биде сериозен партнер на Владата во разговорите за унапредување на системот на локалната самоуправа и на развојот на општините, зад што оваа Влада застана многу отворено и јасно и преку конкретни решенија тоа веќе го потврдуваме – вели Перински во изјава за МИА.

Ваквите потези, според Перински, не се решение. Со пренасочување на вниманието и политизирање на случајот, губат сите, а најмногу граѓаните, вели Перински.

Share This Article