Урсула фон дер Лајен рече дека е важно да се разработат уставните измени

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Уставните измени треба да се разработат, тоа е важно, и сакам да ве уверам дека ќе бидеме со вас во секој дел од патот, рече денеска претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен на заедничката прес-коннференција во владата со премиерот Христијан Мицкоски.

Таа одговараше на новинарско прашање дали за Европската комисија се прифатливи уставни измени со одложено дејство и дали ЕУ смета дека условувањето со промена на Устав за да се продолжат преговорите е дискриминација кон Македонија.

– Ние ќе помогнеме да се спроведе обврската што Северна Македонија ја презема како суверена земја, во секој дел од патот. Имаме јасна цел, работам колку можам за да ги отвориме преговорите, кластерот фундаментални вредности, тоа е наша краткорочна цел засега. Уставните измени треба да се разработат, тоа е важно, во интерес на Северна Македонија е да бидеме успешни. Сакам да ве уверам дека ќе бидеме со вас на секој дел од патот, за да стигнеме до заедничката цел. Може да сметатате на нас. За мене е важно да не се вртиме многу назад, туку кон иднината, заедно да го пишуваме следното поглавје од иднината – рече фон дер Лајен.

На слично прашање до премиерот Мицкоски, дали има расположение во ЕУ за одложено дејство на уставните измени, тој одговори дека претседателката Фон дер Лајен била прецизна во нејзиното излагање и дека е потребно напорно да работиме за да дојдеме до целта, а тоа е да бидеме дел од ЕУ. Тој нагласи дека на патот кон целта, гордоста и достоинството на граѓаните мора да бидат сочувани.

– Ние како влада ќе продолжиме да ги споделуваме европските вредности и ќе направиме сè што е потребно од наша страна за да ја доближиме ЕУ до граѓаните. Тоа е наша задача и желба, затоа што над 75 отсто од граѓаните ја гледаат иднината во ЕУ. Јас како премиер ќе работам исклучително во интерес на граѓаните и тоа што е нивен прв приоритет, а тоа е да живеат подобро, да владее правото, да се постигнуваат реформите, европските вредности да бидат дел од нашето секојдневие, но истовремено, да бидат зачувани гордоста и достоинството, да не бидат понижени и поразени. Ако направиме убава синергија на сето ова, ќе дојдеме до конечната цел, што е можно поскоро да бидеме дел од европското семејсто – одговори премиерот Мицкоски.

Во своето излагање по тет-а-тет средбата комесарката фон дер Лајен рече дека имале навистина добра средба и размена на мислења и ставови со премиерот Мицкоски.

– Добро е да се слушне дека сте многу посветени на патот кон ЕУ. Северна Македонија постигна многу и покажавте одлучност во секој чекор, на што сакам да оддадам почит. Работата мора да продолжи. Ние имаме јасна цел, што е можно побрзо да се отвори кластерот фундаментални вредности од преговорите. Речиси сме таму, треда да поминат уставните промени на кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи. Со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат и ќе ги направат потребните одлучни чекори за напредок. Уверена сум дека може да ги надминеме пречките кои сè уште кои постојат – рече фон дер Лајен.

Таа додаде дека се горди што Македонија е 100 отсто усогласена со надворешната политика на ЕУ и изрази благодарност за поддршката за Украина.

– Бидете сигурни дека проширувањето на ЕУ ќе оставе врвен приоритет на Европската Комисија и во наедните 5 години. Сега ги имаме сите потребни алатки, за да го овозможиме тоа – рече фон дер Лајен.

- Advertisement -
Ad image

Во контекст на алатките кои ги спомна, таа зборуваше за Планот за раст, инвестицискиот план на ЕУ за земјите од Западен Балкан, како и за мисијата Фронтекс за заштита на границите од нелегална миграција.

– Драг Христијан, знаете дека редовно ја посетувам Северна Македонија. Пред 3 години беше важен момент кога ја славевме 30-годишнина на вашата земја. Тогаш видов многу млади луѓе и видов како тие копнеат за ЕУ. Младите никогаш нема да ни простат ако не одговориме на овој предизвик, да направиме Северна Македонија да биде член на ЕУ.

Премиерот Мицкоски во своето излагање по средбата рече дека како влада остануваат цврсто посветени на целта Македонија да стане дел од европското семејство и да ги делиме истите вредности, како демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права. Тој додаде дека реформите се клучни за нашата иднина и не се само услов за членството во ЕУ, туку се неопходни за сите граѓани.

- Advertisement -
Ad image

– Ја цениме заложбата на претседателката фон дер Лајен за проширување на ЕУ во најскоро време. Во овие услови на геополитички промени, нашата земја останува силен партнер на ЕУ, но очекуваме ЕУ заедно со нас да пронајде начин како да го прдолжиме нашиот пат, уважувајќи ги легитимните ставови на нашите граѓани дека во иднина нема да се соочуваме со барања кои се во длабока спротивност со идеите на кои што почива самата ЕУ. Очекуваме ЕУ да го препознае нашиот напредок и да ни даде поддршка. Веруваме во фер принципи и вреднување според заслугите. Целта е јасна, но, патот до неа бара заеднички труд. Убедени сме дека заедно може да ги надминеме сие пречки и да изградиме подобра иднина за нашите граѓани – рече Мицкоски.

Тој се заблагодари на еврокомесарката Фон дер Лајен за нејзината лична посветеност и поддршка, и додаде дека очекува да го забрзаме нашиот пат кон Унијата.

Share This Article