Во 8 часот утринава еден ученик е ранет во дворот на Средното металуршко училиште во Сараево, објави српски Телеграф.
– Полициските службеници при излегување на терен констатирале дека еден малолетник употребил огнено оружје, а друг малолетник бил повреден во потколеницата – изјави портпаролот на полицијата, Мерсиха Новалиќ.
Повредениот малолетник е пренесен во болница каде се утврдува тежината на повредите, додека напаѓачот е под контрола на полицијата.