More

    Ангеловска Бежовска очекува инфлација од 3,5% годинава

    spot_img

    Денарот е стабилен, а гаранција за тоа е високото ниво на девизните резерви, коешто и покрај бројните шокови и натаму расте и на крајот на септември изнесува 4,4 милијарди евра. Сегашното ниво на девизните резерви е повисоко од пред пандемијата за 40%, или за околу една милијарда евра, што е значителен пораст, особено во години исполнети со шокови невидени досега, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Годишните средби на ММФ и Светската банка.

    Според неа, ова се поволни трендови коишто говорат за натамошно јакнење на општата макроекономска политика и стабилноста на домашната валута.

    – Причините се поповолните надворешни случувања, особено во сегментот на странските директни инвестиции, коишто за првата половина од годината изнесуваат 500 милиони евра, но ова покажува дека се  стабилни и очекувањата на домашните економски субјекти – вели Ангеловска-Бежоска, во интервју за Гласот на Америка.

    Таа  оценува дека инфлацијата се стабилизира како кај нас така и во светски рамки.

    – За ова има две причини ‒ првата е значителното стабилизирање на цените на примарните производи, особено на енергенсите и на храната на светските берзи, а вториот фактор е справувањето на централните банки со овие инфлациски движења. Така, како резултат на овие фактори, најновите податоци кај нас упатуваат на значително намалување на инфлациските притисоци. Според податокот за просечната инфлација од почетокот на годината заклучно со септември, таа изнесува 3,3% и во основа е во согласност со очекувањата на Народната банка за просечната годишна стапка за 2024 година од 3,5%, а и во согласност со најновите очекувања на ММФ за просечна инфлација од 3,3%. Меѓутоа, сепак би истакнала дека ризиците постојат и потребно е внимателно водење на политиките во натамошниот период – вели Ангеловска-Бежоска.

    Гувернерката посочува и дека банкарскиот сектор  стабилен и покрај шоковите во изминатиот период.

    – Адекватноста на капиталот, како показател за солвентноста на банкарскиот систем, достигнал 19%, што е највисока стапка во изминатите две децении, додека квалитетот на банкарските инструменти е значително зголемен – вели Ангеловска-Бежоска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img