More

    Музичката дива Џенифер Лопез се мажеше четири пати, а сега нејзиниот прв сопруг Ојани Ноа ги откри деталите од врската

    spot_img

    Музичката дива Џенифер Лопез се мажеше четири пати, а сега нејзиниот прв сопруг Ојани Ноа ги откри деталите од врската. Во интервју за „Деспиерта Америка“, Ојани му изразил поддршка на Бен Афлек и открил зошто имало проблеми во бракот со Џеј Ло.

    Ојани тврди дека за разводот делумно е виновен Шон Комбс, попознат како Диди.

    – Делувамно за разводот е виновен Диди –  рекол Ојани. Тој откри како Лопез го запознала раперот.

    – Дел од тој развод беше вина на Диди. Кога „Сони“ дојде и ѝ ги плати милионите што ги доби, таму беше Паф Комбс, кој требаше да биде еден од продуцентите на неколку песни на првиот албум „On The 6“ – изјавил Ноа.

    – Оттаму почнаа изневерувањето, лагите, разделбата. Бев во Лос Анџелес, отворајќи ресторан, а таа беше меѓу Мајами и Њујорк, работејќи на албумот. Кога можев, одев да бидам со неа. При таа раздвоеност започна изневерувањето – откри тој.

    Ојани, кој е актер, ја обвини Џеј Ло дека тогаш го саботирала неговиот бизнис. Во текот на истото интервју, Ноа исто така наведува дека колапсот на неговиот брак ја нарушил неговата кариера и ги саботирал неговите шанси за неколку работни места.

    „Ја прашав што и направив што ме однесе на суд, ме обвинуваше, лажеше за мене и се јавуваше во фирми и телевизиски станици да не ми даваат работа. Зошто ако не ти направив ништо? Нека ја каже вистина, нека каже што се случило“, додал тој.

    Ојани и Џеј Ло беа во брак кратко време, од 1997 до 1998 година. После тоа таа се забавуваше со Диди до 2001 година. Во декември 1999 година беше со него во клуб во Њујорк, каде имало пукање, по што и двајцата биле уапсени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img