More

    Во Бејрут синоќа повторно паѓаа бомби

    spot_img

    Израелската армија синоќа потврди дека е убиен Хашем Сафиедин, очекуваниот наследник на лидерот на Хезболах, Хасан Насралах.

    Според армискиот извештај, тој бил убиен во воздушен напад врз Бејрут на почетокот на октомври.

    „Сега можеме да потврдиме дека Хашем Сафиедин, водачот на Извршниот совет на терористичката организација Хезболах, е убиен во напад пред околу три недели во јужните предградија на Бејрут“, објави армијата.

    Водачот на Хезболах, Хасан Насралах беше убиен кон крајот на септември во израелски воздушен напад врз подземниот штаб на Хезболах во јужното предградие Дахија во Бејрут.

    Израел синоќа изврши најмалку три напади врз јужните предградија на Бејрут, откако ги повика граѓаните да се евакуираат, јави либанската национална новинска агенција Ани.

    Ова се случи неколку часа по нападот во кој беше срамнета една зграда во тој дел од градот, кој се смета за упориште на Хезболах.

    Ани известува дека два од тие три напади биле во населбата Лајлака, каде што се наоѓа стадионот.

    Претходно Израел повика на евакуација на неколку населби во јужното предградие, кои Израел редовно ги гаѓаше од интензивирањето на офанзивата на 23 септември.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img