На 21.10.2024 во атар на с.Белушино, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево ги лишиле од слобода Х.И.(57) од с.Борино, крушевско и А.И.(46) од с.Житоше, крушевско. Тие биле затекнати како со трактори без регистарски ознаки превезуваат огревно дрво без документација. Од нив биле одземени два трактори, две приколки натоварени со огревни дрва и моторни пили. По документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.
На 21.10.2024 во 21.10 часот на регионален пат Тетово – Скопје, кај влез на с.Желино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин ги лишиле од слобода А.Ј.(37), А.И.(41) и Ш.Р. (29), тројцата од Тетово. При преглед кај нив и во патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 21.10.2024 во 15.30 часот, полициски службеници од СВР Велес ја привеле С.К.(36) од Велес, која била барана по потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
На 21.10.2024 во 06.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Т.К.(72) од Кавадарци, кој бил баран по наредба од Основен суд Кавадарци за идржување мерка притвор во траење од 30 дена. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
На 21.10.2024 во 12.10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.С.(42) од Битола затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.10.2024 во 12.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Л.(32) од Скопје затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.10.2024 во 14.10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(21) од Скопје затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (22.10.2024) во 00.15 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го привеле К.Т.(48) од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека го пречекорил дозволениот престој. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.
На 21.10.2024 во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.7“ во село Батинци, скопско, автобус на ЈСП со скопски регистарски ознаки при тргнување удрил во А.Н.(55) од с.Драчевица, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Н., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 21.10.2024 во 18.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Теодосија Паунов“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Л.П.(66) и мопед „априлиа“ со кочански регистарски ознаки, управуван од малолетничка, двајцата од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетничката и нејзиниот малолетен сопатник од село Соколарци, општина Чешиново – Облешево, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
На 21.10.2024 во 10.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во правец кон „Стража“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(45) од Куманово, минибус „мерцедес спринтер“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.Џ.(60) од село Горно Седларце, општина Боговиње и патничко возило „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управувано од В.Л.(32) од село Ливада, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот од возилото „бмв“, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник, М.М.(25) од струшкото село Калишта, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
На 21.10.2024 во 10.40 часот во Полициското одделение Петровец, В.С.(62) од с.Идризово, скопско, пријавил дека на паркинг простор кај Катлановска бања во село Катланово, скопско бил каснат од куче скитник.
На 21.10.2024 во 13.30 часот во Полициското одделение Петровец, Т.П.(46) од населба Илинден-скопско пријавила дека на ул.„9“ во населбата Илинден, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.