Алкалоид забележа убедлива победа со 6:0 против шампионот на Словачка, Церо Инвест Нитра, во 2. коло на Европскиот клупски куп

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонскиот шаховски шампион Алкалоид забележа убедлива победа со 6:0 против шампионот на Словачка, Церо Инвест Нитра, во 2. коло на Европскиот клупски куп.

Победите за Алкалоид ги остварија Еригаиси Ајрун (прва табла), Веи Ји (втора табла), Ју Јангји (трета табла), Читамбарам (четврта табла), Нараунан (петта табла) и Александар Инѓиќ (шеста табла).

Следен противник на шахистите на Алкалоид е екипата Бир Шева, од Израел, која e долгогодишен редовен учесник на Европскиот клупски куп.

По второто коло 18 екипи имаат максимални 4 бода.

Share This Article