More

    Како да се заштитите од птичји грип? Сапун, вода и недопирање мртви животни

    spot_img

    Периодот на инкубација за птичјиот грип се проценува од два до седум дена по последната изложеност со болна или мртва живина. Првите симптоми се респираторни, со покачена температура, треска и кашлица, но може да се јават и нереспираторни симптоми. Симптомите на горниот респираторен тракт – течење на нос и болки во грлото можеби не се вообичаени кај сите пациенти, но, болеста може да напредува до респираторна инсуфициенција, акутен респираторен дистрес синдром (ARDS) и повеќеорганска инсуфициенција.

    По појавата на птичјиот грип во скопската Зоолошка градина, Институтот за јавно здравје излезе со препораки до граѓаните. Оттаму наведуваат дека речиси сите случаи на инфекција со вирусот се поврзани со близок контакт со заразени живи или мртви птици.

    – Иако можеби имало некои случаи кои не биле откриени, се чини дека вирусот не заразува лесно луѓе и не се шири од човек на човек, врз основа на сегашното знаење и разбирање на оваа болест. Инфлуенца A(H5N1) е еден од неколкуте вируси на грип што предизвикува високо заразна респираторна болест кај птиците наречена авијарна инфлуенца – или птичји грип. Документирани се и инфекции кај цицачи, вклучително и кај луѓе. Периодот на инкубација за инфекција со A(H5N1) се проценува дека е до седум дена, иако обично е два до пет дена по последната позната изложеност на болна или мртва живина. Сепак, периодот на инкубација може да трае и до 14 дена. Инфекцијата со вирусот на грип A(H5N1) може да предизвика низа болести кај луѓето, од благи до тешки, а во некои случаи може да биде дури и смртоносна. Смртноста е до 50 проценти – појаснуваат од ИЈЗ.

    Оттаму потенцираат дека заболените треба да се менаџираат правилно за да се спречат тешки болести и смрт.

    – Пациентите со лабораториски потврдена инфекција со вирусот на грип со прогресивна, комплицирана или тешка болест – или оние со асимптоматска или лесна болест, но, кои се изложени на зголемен ризик од тешка болест – треба да се лекуваат со антивирусни лекови, на пример „оселтамивир“, што е можно поскоро – наведуваат од ИЈЗ.

    Препораките за заштита се да се избегнува контакт со болни или со мртви животни, контакт со животни во фарми и пазари за животни, влегување во области каде може да се колат животни, контакт со какви било површини што се чини дека се контаминирани со животински измет, колење или јадење болни животни.

    – Следете ги добрите практики за безбедност на храната како што се избегнување на потрошувачката на сирово млеко, јајца и месо. Одржувајте колективна и лична хигиена, вклучително и редовно миење раце со сапун и вода. Лицата што се професионално изложени треба да ги следат протоколите за работа, како и мерките за превенција поврзани со работното место – нагласуваат од ИЈЗ.

    Доколку некој смета дека можеби има птичји грип, од ИЈЗ велат дека веднаш треба да побара медицинска помош ако има симптоми слични на грип како треска, кашлица и тешкотии при дишење, или конјунктивитис или други необјаснети симптоми. Да се информира лекарот за каква било изложеност на болни или мртви животни.

    – Дополнително, преземете заштитни мерки: носете маска и ограничете контакт со други луѓе, покривајте ги устата и носот при кашлање или кивање, правилно фрлајте марамчиња, редовно проветрувајте го просторот каде се наоѓате, избегнувајте да ги допирате очите, носот или устата и редовно мијте ги рацете со сапун и вода – додаваат од ИЈЗ.

    По угинување на гуска во езерцето во скопската Зоолошка градина потврден е случај на присуство на виосокопатоген сој на вирусот на птичји грип H5N1.

    Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска вчера изјави дека од 15-те вработени во скопската Зоолошка градина, за кои веќе била завршена епидемиолошката анкета од страна на епидемиолози од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), за четворица во текот на денешниот ден ќе бидат издадени решенија за здравствен надзор, а еден од нив, кој во петокот пројавил симптоми на покачена температура и дијареја, ќе се тестира за присуство на птичји грип.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img