Две лица кои се тестирани за присуство на вирусот птичји грип се негативни

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Две лица кои се тестирани за присуство на вирусот птичји грип се негативни, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Направени се епидемиолошки анкети на сите 16 лица од списокот што Зоолошката градина го испратила во ИЈЗ.

„На 21 октомври 2024 година, согласно протоколите, направено е тестирање за птичји грип во Одделението за вирусологија во ИЈЗ референтна лабараторија, која е меѓународно акредитирана за дијагностика на инфлуенца грип од хумано и анимално потекло, на лице кое во епидемиолошката анкета има наведено дека 1 ден имало симптоми на покачена телесна температура.

Воедно е тестирано на ист начин и второ лице вработено во ЗОО кое не е на доставениот список од 16 луѓе вработени во ЗОО, но на 21 октомври 2024 година се пријавило во ИЈЗ со тековни симптоми.

Ве известуваме дека по добиените резултати од спроведените тестирања, двете лица се негативни за птичји грип“, соопшти Институтот.

По угинување на гуска во езерцето во скопската Зоолошка градина кај неа беше потврдено присуство на виосокопатоген сој на вирусот на птичји грип H5N1.

Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска вчера изјави дека од 16-те вработени во скопската Зоолошка градина, за кои веќе била завршена епидемиолошката анкета од страна на епидемиолози од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), за четворица во текот на денешниот ден ќе бидат издадени решенија за здравствен надзор, а еден од нив, кој во петокот пројавил симптоми на покачена температура и дијареја, ќе се тестира за присуство на птичји грип.

Share This Article