More

    Околу 1.000 жени и деца од Газа ќе бидат евакуирани во болници низ Европа

    spot_img

    Најмалку 18 цивили загинаа, а десетици се ранети во денешниот напад на израелската артилерија врз централниот и северниот дел на градот Рафа и врз училиштето во кое се сместени лицата раселени од бегалскиот камп Џабалија.

    Според локални извори, израелската артилерија ги гаѓала и областите Шабур, Кирбет ал Адас и Урајба во централниот и во северниот дел на Рафа, јавија палестинските медиуми.

    Извештаите покажуваат дека израелско беспилотно летало погодило и шатор, западно од градот Кан Јунис, во кој биле сместени раселени лица, при што загинале и биле повредени неколку лица.

    Израелски воени авиони ја бомбардираа околината на училиштето на УНРВА во Крајзем, каде што се сместени раселените лица, како и населбата Абу Рашид во бегалскиот камп Џабалија, во моментот кога учениците се враќале од училиште, при што загинаа седуммина, а беа повредени повеќе од десетина луѓе.

    Исто така, Светската здравствена организација (СЗО) ќе евакуира околу 1.000 жени и деца од Појасот Газа во здравствените установи во Европа, со цел да им пружи итна медицинска помош.

    – Немаше да дојде до ова доколку дијалогот продолжеше. Најважниот лек е мирот – изјави претставникот на СЗО задолжен за Европа, Ханс Клуге, пренесува Ал Џезира.

    Официјалниот претставник на СЗО, задолжен за окупираните палестински територии, Рик Пајперкон, на почетокот на годинава изјави дека најмалку 10.000 луѓе на кои им е потребна итна медицинска помош треба да бидат евакуирани од Појасот Газа.

    Во израелските напади врз Појасот Газа во оваа година војување убиени се над 42.500 Палестинци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img