Владина делегација во 11:00 часот ќе положи свежо цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО кој се наоѓа во Жена-парк Скопје.
Со овој празник се оддава должна почит за сите жртви и напори кои се дадени во борбата за самостојност и организираното делување во насока стекнување на независност, слобода и удирање на темели на сопствена македонска држава.
Воедно на овој ден во 1893-та година е формирана Македонската револуционерна организација која претставува главната сила во организираниот отпор насочен за ослободување.
Овој празник претставува завет на многу генерации кој обврзува за достојно, суштествено и активно делување во изградба на современа, силна и просперитетна држава.
Го покануваме Вашиот медиум да го проследи настанот во Музејот на македонската борба за самостојност.