More

    Израел го нападна седиштето на разузнавачката служба на Хезболах

    spot_img

    Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нивните авиони утринава извршиле напад врз седиштето на разузнавачката служба на Хезболах во Либан, објави порталот Ел-Би-Си.

    „Утринава израелските воздухопловни сили извршија напад, базиран на разузнавачки информации, врз команден центар за разузнавање на Хезболах и подземна работилница за оружје во Бејрут“, се вели во соопштението на ИДФ.

    Сѐ уште не е потврдено дали седиштето е оштетено или уништено.

    ИДФ соопшти дека „презела бројни мерки“ за „намалување на ризикот од штета на цивилите“, вклучително и претходни предупредувања до населението во областа.

    „Покрај тоа, израелските воздухопловни сили го погодија и елиминираа терористот Ал Хаџ Абас Салама во областа Тебнина, висок командант на јужниот фронт на Хезболах“, додаваат тие.

    ИДФ тврди дека Салама ги надгледувал борбите во областа Бинт Џбеил и извршил многу напади против Израел.

    „Исто така, елиминирани се терористите Рада Абас Авада, висок специјалист за комуникации на Хезболах, и Ахмад Али Хусеин кој ја предводеше единицата за производство на оружје задолжена за зајакнување на стратешкото оружје на Хезболах“, се вели во извештајот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img