Приближно 100 килограми небезбедно месо и подготовки од месо нештетно уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во Куманово, во рамки на вонредни надзори во ресторани, месарници и маркети.
Инспекторите изрекле и казни од 100 до 1.000 евра на фирмите кои дозволиле да се продава замрзната чорба, замрзнати подготвени подготовки од месо (плескавици, раженчиња), како и продажба на месо и подготовки од месо без декларација.
Дел од вработените во овие фирми немале валидни санитарни книшки бидејќи биле со поминат рок, а некои од фирмите немале и комплетна документација.
Два големи супермаркети поминале без казни бидејќи инспекторите кај нив не пронашле неусогласености со прописите од областа на безбедноста на храната.