More

    Таткото на починатото девојче во Сараево откри што се случило по операцијата

    spot_img

    Таткото на 16-годишната Џ.Д., М.Д. која почина по стоматолошка операција во Сараево, проговори по трагедијата што се случила во приватната клиника. Според досега познатите информации, девојчето починало поради компликации кои настанале по операцијата, а што точно се случило раскажал нејзиниот татко.

    Тој ги демантираше информациите дека на ќерка му ѝ извадиле заб. Тој тврди дека починала поради несоодветен третман на стоматологот кој ѝ го средил забот, ѝ ставил лекови и ѝ дал антибиотик, но состојбата набрзо се искомплицирала.

    – Тоа е д-р Х.М., но дадоа погрешни информации дека на детето му е изваден забот, а како последица имало компликации… Не, да ѝ го изваделе забот, ова немало да се случи. Тој ѝ го затворил расипаниот заб и рече, ‘вака ќе биде добро“, ѝ дал антибиотици, па ѝ го отворил забот и рекол дека става ладни облоги, а по девет дена беше закажан третман – вели таткото.

    Тој вели дека неговата ќерка на 30 септември отишла на стоматолог, а во болница била примена два дена подоцна, на 2 октомври. Истакнува дека ден по приемот ја имала првата операција, а потоа и втората.

    – Мојата ќерка ја имаше првата операција на 3-ти октомври, каде што беше санирано жариштето, од каде што почна сѐ. Веќе се прошири на срцето… Поради несоодветен стоматолошки третман, таа доби гној кој се проширил во белите дробови, а потоа до нејзиното срце. Таа имаше две операции и на крајот беше заразена со три бактерии – додаде таткото.

    За целиот случај е информирано Обвинителството на кантонот Сараево, кое покрена истрага. Обдукцијата е завршена, но резултатите сѐ уште не се познати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img