More

    На Киев му се брза пред изборите во САД

    spot_img

    Украина бара покана за членство во НАТО пред Џо Бајден да ја напушти Белата куќа, изјави висока украинска дипломатка, додавајќи дека тоа би било соодветно наследство за американскиот претседател.

    – Нашата идеја е дека поканата за Украина во овој момент е политички сигнал – изјави за Ројтерс Наталија Галибаренко, амбасадорка на Киев при НАТО, пренесува Хина.

    Таа вели дека Украина „искрено верува дека ова може да биде дел од наследството на (актуелната) американска администрација“.

    Американските претседателски избори следниот месец создаваат голема неизвесност за Украина, бидејќи Вашингтон е најголемиот снабдувач на воена помош за Киев во војната со Русија. Демократската кандидатка Камала Харис сигнализираше поддршка за Украина, но не ја прецизираше нејзината рамка, додека Доналд Трамп не ја откри својата стратегија.

    Членството во НАТО би ја вклучило Украина во договорот за заедничка одбрана на Алијансата, но процесот на пристапување може да трае со години.

    НАТО најави дека Украина ќе се приклучи, но не даде временска рамка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img