Македонскиот пејач Бобан Цаневски (45) ја расплака српската фолк-ѕвезда Тања Савиќ пеејќи го големиот хит на Здравко Чолиќ – „Као моја мати“ во српската музичак емисија „Никогаш не е доцна“. Тања не можеше да ги сопре солзите и откако Бобан заврши со пеењето.
Жирито и водителот Жика Јакшиќ беа трогнати од изведбата на Бобан, а публиката во студиото скокна на нозе кога тој го почна рефренот од песната.
Познатиот шмекер Франо Ласиќ, кој беше член на жирито, имаше само пофални зборови за Бобан.
Цаневски по овој настап оди директно во следниот круг од ова музичко натпреварување.
Бобан е секогаш расположен за песна, а важи за еден од најдобрите кога е во прашање создавањето одлична атмосфера во познатите ресторани, кафулиња и клубови во кои долги години настапува.