More

    Ниедна институција не сака од државните капитални дела

    spot_img

    Министерството за култура несоодветно чува дури 686.318 книги, вредни 6,6 милиони евра, и не може да ги распореди низ институциите, затоа што ниедна не сака да ги земе. Книгите потекнуваат од 17 капитални проекти за печатење книги реализирани помеѓу 2009 и 2019 година, утврди Државниот завод за ревизија, кој издаде неповолно мислење за тоа како Министерството за култура ги трошело нашите пари во 2023 година. Неповолното мислење е за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, а за усогласеноста со законската регулатива и упатства, мислењето е со резерва. Министер во периодот на кој се однесува извештајот беше Бисера Костадиновска Стојчевска.

    Во ревизорскиот извештај се нотирани многу неправилности во работењето на Министерството, кои се провлекуваат со години.

    „Во однос на евидентираниот книжен фонд на Министерството, со извршената ревизија утврдено е дека потекнува од 17 капитални проекти за печатење книги реализирани помеѓу 2009 и 2019 година, во вкупен износ од 408.123 илјади денари и вклучува 686.318 примероци. Поради непостоење на план за дистрибуција на отпечатените и недистрибуираните книги, се создава значителен проблем со сместувањето на оваа голема количина, дополнително усложнет од недостигот на интерес од државните институции за преземање на книгите поради исполнетост на нивните капацитети“, соопшти ДЗР.

    Не е извршен попис за утврдување на фактичката состојба, како во однос на бројот на книги, така и за условите во кои тие се чуваат, што може да доведе до оштетување, се вели во извештајот.

    Ревизорите констатираа дека последната Национална стратегија за развој на културата усвоена од Собранието го покрива периодот 2018-2022 година, па Министрството во 2023 година работело без јасни насоки кои се приоритетите за развој и унапредување на културата. Министерството нема донесено годишен план ниту за претходниот период, ниту за 2023 година, што е нотирано и во претходните ревизорски извештаи.

    Ревизорите утврдиле и дека има недостатоци во распределбата на парите за културни проекти, која се врши преку Годишен конкурс согласно Законот за култура. Не постојат јасни квалификации за членовите на комисиите, приоритетите во конкурсите често се општи и не се темелат на долгорочни политики, а критериумите за оценка на проектите не се строго дефинирани, што создава простор за субјективизам, некомпетентно именување на членови и неправилно категоризирање на проектите.

    „Овие недостатоци доведуваат до недоволно квалитетна распределба на средства, а комисиите бодуваат проекти без конкретни насоки и без мерила за негативно бодување на неуспешни автори“, се вели во извештајот.

    Во 2023 година, Министерството за култура преку овој конкурс исплатило вкупно 5 милиони евра за одобрени проекти на други корисници, што ја нагласува итната потреба за јасни правила и критериуми во распределбата на средствата, предупредува извештајот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img