More

    „Вашингтон Пост“ откри што планира Нетанјаху

    spot_img

    Израел ќе го нападне Иран пред 5 ноември, ќе има повеќе напади, пишува „Вашингтон Пост“. Двајца американски функциониери изјавиле дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ рекол администрацијата на американскиот претседател дека Израел ќе ги таргетира воените цели на Иран, а не нуклеарни или нафтени цели за да се пречи тотална војна.

    Се чини дека одмаздата на Израел врз Иран за нападот од 1 октомври ќе се случи пред изборите во САД на 5 ноември за да се избегне перцепцијата дека Израел политички се меша во изборите, рекол друг американски функционер.

    Весникот цитира и соопштение од кабинетот на Нетанјаху во кое се вели:

    „Ги слушаме ставовите на Соединетите Американски Држави, но ќе ги донесеме нашите конечни одлуки врз основа на нашите национални интереси“, се вели во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху, цитирано и во написот на Вашингтон пост.

    Американскиот претседател Џо Бајден рече дека нема да поддржи напад врз иранските нуклеарни локации, а нафтените пазари се на иста поради можноста од израелски напад врз иранските нафтени полиња.

    Земјите од Персискиот залив лобираа во Вашингтон да го спречат Израел да ги нападне нафтените полиња во Иран, бидејќи се загрижени дека нивните нафтени постројки би можеле да бидат цел на иранските застапници доколку конфликтот ескалира.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img