More

    Дакота Џонсон ја покажа убедливо најпредизвикувачката модна комбинација досега

    spot_img

    Дакота Џонсон ја покажа убедливо најпредизвикувачката модна комбинација досега
    Холивудската актерка Дакота Џонсон неодамна покажа навистина заводлива модна комбинација која го одзема здивот.

    Американската актерка Дакота Џонсон постигна светска слава кога ја прифати улогата во филмот 50 нијанси сиво, кој доживеа мега успех ширум светот.

    Оттогаш папараците ја следат на секој чекор и не беше поинаку ниту неодамна кога беше фатена на еден од паркинзите во Њујорк.

    А, овој пат следењето на нив се исплатеше, бидејќи актерката изгледаше навистина провокативно, веројатно ваква провокативна модна комбинација одамна не сме виделе на Дакота.

    Таа носеше заводлив комбинезон кој со игра на бојата на кожата оставаше впечаток дека холивудската актерка покажува повеќе отколку што навистина е. Својот смел изглед го надградила со интересна вечерна чанта во стил на мини куфер и елегантни „шипки“, а сето тоа го зачинила и со зачадени очи, што уште повеќе ја возбудувало сликата.

    На ќерката на актерката Мелани Грифит и актерот Дон Џонсон актерските гени веќе беа ставени во лулка и секако беше само прашање на време кога ќе ги покаже и докаже своите способности. Дакота веќе подолго време е успешна актерка, а за неа се интересираат се повеќе продуценти и режисери.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img