More

    Детската клиника морала да го хоспитализира, во „Козле“ направиле лоша проценка

    spot_img

    Стручен надзор на Министерството за здравство констатирал сериозни пропусти во работењето на Клиниката за детски болести и Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“, а се поврзани со смртта на едно 14-месечното бебе.

    Како што информира министерот за здравство, Арбен Таравари, надзорот утврдил дека докторите на Детската клиника направиле превид кога не го хоспитализирале детето, додека пак во „Козле“ било констатирано дека немало адекватна проценка на состојбата на пациентот.

    – Стручниот надзор утврди пропусти од 3 типа: системски, технички и во однос на стручноста. Во системските утврдено е непостоење на препораки или алгоритми за тријажа на пациенти при прием и дека има потреба од континуирана обука за докторите на Детска клиника за срцеви болести. Во однос на техничките пропусти, во Козле е утврдено дека има потреба од апарат за респираторна поддршка и унапредување за организирање на транспортот од една до друга установа – рече Таравари.

    Министерот најави дека извештајот од комисијата ќе биде испратен до двете клиники и до Етичката комисија во Лекарската комора, со цел да се преземат соодветни мерки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img