More

    Ќе ги проверуваат клучните области за инвестирање

    spot_img

    Петмина советници од Бордот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) пристигнуваат на 14 октомври во петдневна посета на земјава за време на која ќе се сретнат со Владини претставници, претставници од граѓанскиот сектор, инвеститори и претприемачи.

    Целта на посетата е да се запознаат со економската и инвестициона клима, и да ги идентификуваат клучните области на ангажманот на ЕБОР, во насока на интензивирање на деловниот и политичкиот дијалог.

    Советниците на Бордот ќе се сретнат со Министерката за енергија, рударство и минерали, Сања Божиновска и со државната советничка во Министерството за енергија, Елена Ивановска. Тие ќе се сретнат и со претставници на Народната Банка.

    Делегацијата ќе оствари средби и со претставници на меѓународните финансиски институции, комерцијални банки и енергетски компании (МЕПСО, ЕСМ и НОМАГАС), како и претставници на граѓанскиот сектор и дипломатската заедница.

    ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија и до денес има инвестирано над ЕУР 2.9 милијарди во 196 проекти, фокусирајќи се на поддршка на конкурентноста преку зајакнување на синџирот на вредности, надградба на вештините на работната сила, зајакнување на управувањето, унапредување на регионалната интеграција и поврзување на меките вештини, поддршка на доближување до Европската Унија и натамошна транзиција на зелената економија преку поодржлива комбинација на енергии и поголема ефикасност на ресурсите.

    Последната стратегија на ЕБОР за земјата е одобрена во 2019 година.

    Домаќин на делегацијата е Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР за Северна Македонија. делегацијата на Бордот на ЕБОР ја сочинуваат: Шун Цучида, советник на Бордот за Јапонија, Инка Мулерова, советник на Бордот за Чечија, Диого Лопез Монтеиро, советник на Бордот за Португалија, Ариана Калиари, советник на Бордот за Италија  и Енрике Мадерел, советник на Бордот за Северна Македонија, Холандија, Кина, Монголија и Ерменија

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img