More

    Таткото на Видоје побара да не се сквернави споменот на неговиот единец

    spot_img

    Ве молам, не го сквернавете споменот на мојот син, татко на две прекрасни ќерки, имајте душа и нека почива во мир, побара денеска Виктор Ристовиќ, познат како Миша Гроф, татко на Видоје Ристовиќ, кој ненадејно почина на масажа на 44 години.

    – Нашата тага за нашиот син е неизмерна, нашите срца скршени! На другите не им доликува да се занимаваат со теми кои се толку срамни во моментот кога нѐ напушти едно младо и прекрасно суштество. Морам да кажам дека мојот син не умре за време на однос. Денеска ги добив резултатите од обдукцијата. Смртта е предизвикана од респираторна инсуфициенција, поради што откажала работата на срцевиот мускул – изјави Миша Гроф со тага во гласот.

    Српските медиуми денеска пишуваат дека познатиот историчар на уметност Видоје Ристовиќ кој ненадејно почина на маса за масажа, таа вечер бил со својата љубовница Д.Б.(41). Наводно, таа му била и масерка и една година била во врска со Видоје, кој бил во брак со хрватската водителка Николина Пишек и со која живеел на релација Белград-Загреб.

    Видоје е пронајден мртов во стан во Ѕвездара, каде наводно Д.Б. му давала услуги за масажа.

    – Каде на друго место сте слушнале некој да оди на масажа на полноќ? Како што слушнав, двајцата биле интимни, поради што на Видоје наеднаш му се слошило и за жал набрзо починал – раскажале соседите за српските медиуми.

    Таткото на Видоје исклучително тешко ја поднел веста дека неговиот единствен син ненадејно починал. Веднаш штом дознал за трагедијата, наводно се упатил кон местото каде што починал неговиот син, а кога го видел телото на Видоје, доживеал нервен слом.

    – Миша Гроф дошол десетина минути откако бил информиран дека неговиот син починал. Кога го видел телото на Видоје, почнал силно да кука и да плаче на цел глас. Многу му беше тешко, целиот се скрши во миг. Потресна сцена. Во меѓувреме дошла брзата помош која можела само да констатира смрт, па не се ни обиделе со реанимација. Луѓето од Итната помош се обидоа да го смират и да му помогнат да дојде при себе, но не вредеше. Три часа не можеа да го одвојат од телото на Видоје. Цело време го галеше, го бакнуваше и плачеше на цел глас. Кога некако успеале да го разделат и да го земат телото, Миша отишол во неговиот стан – вели изворот, пренесува еспресо.рс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img