НАТО денеска ја започнува својата годишна нуклеарна вежба, во која ќе учествува воен персонал од приближно 2.000 лица во осум воздушни бази во следните две недели. Според НАТО вежбата не е одговор на руската инвазија на Украина.
НАТО нагласува дека „Steаdfast Noоn“ е „рутинска и повторлива активност за обука“, а не одговор на руската инвазија на Украина. Но, Алијансата сака да испрати јасен сигнал до Москва дека e подготвенa да се брани со нуклеарно оружје доколку е потребно.
NATO’s annual tactical nuclear weapons exercise Steadfast Noon begins today. Here is a backgrounder including what is happening at the different nuclear bases: https://t.co/PLiIolS77w pic.twitter.com/4aAX7SvDEu
Во вежбата „Steadfast noon“ 60 авиони ќе учествуваат во летови над Западна Европа. Тие вклучуваат борбени авиони способни да носат американски нуклеарни бомби стационирани во Европа и бомбардери со долг дострел, како и авиони за надзор и полнење гориво.
Ниту една од вежбите нема да вклучува вистинско оружје, соопшти НАТО. Овогодинешната вежба ќе се одржи во воздушните бази во Белгија и Холандија, како и во воздушниот простор над Британија, Данска и Северното Море. Авионите кои ќе учествуваат доаѓаат од вкупно 13 земји на Алијансата.
– Нуклеарното одвраќање е камен-темелник на сојузничката безбедност – рече шефот на НАТО Марк Руте.