More

    Заврши 34. издание на Саемот на книга кој за прв пат по две години се врати во својот редовен пролетен термин

    spot_img

    Вчера заврши 34. издание на Саемот на книга кој за прв пат по две години се врати во својот редовен пролетен термин. Саемот на книга ја надмина вообичаената посета од читателите и се враќа во сопствениот сјај. Заклучно со вчерашниот, последен ден, саемот го посетија 23.800 посетители.

    – Сме организирале многу саеми, големи, гламурозни, технолошки напредни… но токму овој Саем, Саемот на книгата остана да нè вреднува налик на Хамлетовото „да се биде или не?“ Не ни беше тешко да ја преместуваме манифестацијата, да ја организираме под маски, со сертификати, без сертификати.., но во овие времиња не е важна формата конечно. Ќе дојде време ќе посветиме внимание и на формата, но најважно беше манифестацијата да опстои! Со книга докажавме дека може да ги победиме сите премрежија – изјави Даниела Глигоровска, извршен директор на „Глобал медиа гроуп“.
    На саемот се претставија повеќе од 60 издавачки куќи од Македонија, Турција, Србија, Косово и од Албанија, а значајно претставување имаше и Министерството за култура и туризам на Република Турција. За време на саемот се доделија наградите во организација на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) и се организираа повеќе од 30 промоции во промотивниот центар.

    Саемот на книга се организираше под покровителство на Министерството за култура на РС Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img