БРИКС никогаш не бил и никогаш нема да биде воен сојуз, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се наведува дека БРИКС нема намера да стане воен сојуз и не е ни меѓународна организација или интеграциска структура, туку меѓудржавно здружение на рамноправни учесници.
„Дури и теоретски, ставањето на БРИКС на исто ниво со воениот блок на НАТО, кој со децении беше обележан само со крвави инвазии и поткопување на безбедноста во различни региони на планетата, е едноставно смешно“, посочува Министерството.
Министерството потсети дека БРИКС подразбира мултидисциплинарно стратешко партнерство засновано на три клучни столба: политика и безбедност, економија и финансии, култура и хуманитарни врски, јавуваат српските медиуми.
Нагласено е дека односите меѓу партнерите на БРИКС се градат врз основа на еднаквост и меѓусебно почитување, принципи на отвореност, прагматизам, солидарност и нетаргетирање кон никого.