Американскионскиот производител на авиони „Боинг“ ќе ја намали работната сила за десет проценти – за околу 17.000 луѓе.
Загубите на компанијата се зголемуваат, а штрајкот на машинистите, поради кој е прекината работата во фабриката за авиони, влегува во својата петта недела.
Американската компанија нема да го испорача својот сè уште несертификуван авион со широк труп 777Џ до 2026 година, со што се доведува во прашање планот кој доцни веќе шест години, пренесува Си-Ен-Би-Си.
Во август Боинг го прекина тестирањето на овој модел на авион кога откри структурно оштетување на еден од нив.