Бритни Спирс (41) неодамна ги изненади сите со објавата дека го чека своето трето дете, а сега одлучи со 41 милион следбеници на Инстаграм да сподели фотографија од времето пред да дознае дека е бремена, пишува Мондо.
Бритни, која наскоро ќе се омажи за Сем Асгари, објави фотографија од летниот одмор во Мексико на која е целосно гола. Истата фотографија на која со раце ги покрива градите и има „срца“ на меѓуножјето Бритни ѝ ставила и неколку фото-филтри за убавина.
„Еве ги сликите кога последен пат бев во Мексико, зошто секогаш изгледам десет години помлада на одмор? Овие фотографии се направени пред да дознаам дека имам бебе во мене“, напишала бремената Бритни.
На фотографиите се гледа и нејзината тетоважа на интимно место.
„Повторно ѝ треба помош“, е само еден од коментарите на фотографиите.
Да потсетиме, Бритни со години беше под старателство на нејзиниот татко Џејми Спирс, кое беше укинато дури минатата година. Во тој период, таа не смеела да управува со парите, кариерата или семејството, па била принудена да пие апчиња за контрацепција.
Неколку месеци по завршувањето на случајот за старателство, пејачката објави дека е повторно бремена.