More

    Пејачката ги покажа панталоните од 620 евра и чантата од 3.000 евра!

    spot_img

    По низата настапи и ангажмани, популарната хрватска пејачка конечно најде време за патување.

    Исклучително успешна работна година имаше и сплитската пејачка Јелена Розга, а распоредот ѝ беше густ, особено во летните месеци кога одржа десетици концерти низ регионот и заедно со публиката го отпеа хитот „Лавица“. Како што најави, почетокот на октомври го поминува на одмор.

    Јелена одвоила неколку дена за себе и отпатувала за Шпанија, од каде што се огласи преку својот профил на Инстаграм.

     

    Објавата собра повеќе од 15.000 лајкови, а Нина Бадриќ на својата колешка ѝ порача: „Уживај мила“.

    Една од најубавите жени во регионот, како што многумина ја нарекуваат, прошетала по улиците на Барселона во тренди модни парчиња. Јелена блекла панталони од брендот Мејсон Марџела (Maison Margiela) кои се продаваат по цена од 620 евра, а својот стајлинг го заокружила со чанта „Гучи“ која чини околу 3.000 евра, пишува „Ковер стајл“.

    Веднаш штом ќе се врати од одмор, Розга има бројни закажани концерти, а публиката особено го очекува нејзиното пристигнување на 2 ноември во сараевска Зетра, а потоа во декември во Белград. Таа веќе распродаде пет последователни концерти во тамошната сала Сава центар, а минатата недела го најави и рекордниот шести датум.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img