More

    ВИДЕО: „Милтон“ удри на Флорида, потврдени првите жртви

    spot_img

    „Окото“ на ураганот Милтон, најсилниот во последните сто години, ја погоди Флорида. Иако ослабе од категорија пет до категорија два во пресрет на неговото пристигнување на брегот на Флорида, ураганот остава пустош по него. Повеќе од милион луѓе се евакуирани, многу области се веќе поплавени, нивото на морето се подига, забележани се екстремни количества дожд и ветрови со брзина од 200 километри на час. Најтешко погодени области се Непол, Форт Мајерс и Тампа.

    Се верува дека неколку лица загинале во торнадото што го погоди Св. Луси додека се приближуваше ураганот Милтон. Портпаролот на управата на Св. Луси изјави за NBC дека две лица биле потврдени дека починале, а уште неколку луѓе биле пренесени во болници.

    Југоисточниот регион, во кој се наоѓа Форт Пирс, беше погоден од едно од многуте торнада кои ја зафатија државата, предизвикани од ураганот.

    Гувернерот на Флорида Рон ДеСантис изјави дека 19 торнада биле потврдени низ целата држава.

    Деструктивните ветрови на ураганот Милтон продолжуваат да се движат кон внатрешноста, се вели во најновиот извештај на Националниот центар за урагани (NHC).

    Меѓународниот аеродром во Тампа забележа постојани ветрови од 93 км/ч со налети од 150 км/ч, соопшти NHC.

    Невремето сега се наоѓа на околу 95 километри југо-југозападно од Орландо и околу 135 километри западно-југозападно од Кејп Канаверал, со максимални постојани ветрови од 160 километри на час.

    Прекините на струја се зголемија низ Флорида додека ураганот Милтон се движи кон внатрешноста – два милиони домови и бизниси се без струја за околу 3 часа, според PowerOutage.us.

    Околу 21:30 часот по локално време, повеќе од 1,1 милион корисници на енергија беа во мрак. Таа бројка сега изнесува 2,02 милиони.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img