More

    Изложба на ликовни дела во Домот на културата во Демир Хисар

    spot_img

    По повод 10-ти октомври, светскиот ден на менталното здравје, во фоајето на Домот на култура „Илинден“ во Демир Хисар ќе биде прикажана ликовната изложба „Визуелни спознанија“.
    Станува збор за ликовни дела од овогодинешната сликарска работилница наменета за лица хоспитализирани во Психијатриската болница во Демир Хисар под менторство на уметникот Тони Попов и Центарот за креативни индустрии-НЕБО.

    Оваа изложба доаѓа неколку месеци по мултимедијалниот проект „Одејќи по тенки линии“, кој беше поставен во резиденцијата на амбасадорот на ЕУ во Скопје, а иницијатор и двигател на настанот, како и на оваа изложба е Јасмина Котевска, историчар на уметност и претседател на Центарот за креативни индустрии „Небо“ од Суводол, Демир Хисар.

    Котевска во изминатите години е фокусирана токму на мониторирање и обработка на искуствата и резултатите од работата со лица кои се соочуваат со проблеми од психичка и ментална природа, а преку различните уметнички активности, кои со ЦКИ „Небо“ беа организирани во Психијатриската болница во Демир Хисар.

    „Визуелни спознанија“ е серија на ликовни дела кои содржат интимни приказни на самите автори. Сликите се визуелен говор на потсвесните емотивни и психолошки состојби на учесниците и истите во голема мера се од големо значење во областа на спонтаното творештво и арт брут уметноста“, вели Јасмина во најавата за изложбата.

    Арт брут уметноста или како што уште се нарекува, маргиналната уметност (фр. Art brut, англ. Outsider Art) е назив за уметнички дела што се создавале во круговите на ментално болните или други луѓе од социјалните маргини и надвор од официјалните уметнички институции.

     

    Овој израз прв го споменал францускиот уметник Жан Дибифе кој собирал уметнички дела на пациенти со ментални болести.

    Јасмина работи со луѓето од Психијатриската болница од 2018 година, а од оваа соработка произлегле многу работилници, изложби и проекти, па дури и еден филм.

    Имено, режисерот Митко Панов сними филм во кој 7 лица од психијатриската болница во Демир Хисар се актери, а главен лик во филмот е и Котевска која всушност се „глуми“ самата себе.

    Изложбата „Визуелни спознанија“ ќе трае до 18 октомври.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img