More

    СЕ КРЧКА НОВ ТЕНДЕР ЗА ГАСНИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР

    spot_img

    Изградбата на гасното поврзување на земјава со Грција кое запре на тендерот за избор на изведувач на работите се очекува да почне идната пролет. Услов за тоа е успешно завршување на втората тендерска постапка што ја води банката која го даде кредитот.

    Од Министерството за енергетика велат дека за најмалку две недели ќе биде објавен тендерот кој треба овој пат да заврши за кус период, односно до крајот на годината.

    – Новиот тендер е веќе подготвен и се очекува уште одобрение од ЕБРД кој одобри кредитни средства за затворање на финансиската конструкција. Очекуваме дека тоа ќе се случи за најмногу две недели бидејќи нема важни промени од условите предвидени во претходниот тендер, кој за жал траеше 9 месеци и на крајот беше поништен – велат Министерството за енергетика.

    Изградбата на интерконекторот треба да заврши по две години од изборот на изведувач на работите, но со оглед на неговото значење од Министерството најавуваат дека ќе инсистираат проектот да се реализира порано.

    – Со оглед на тоа што ова е многу важен проект за државата бидејќи ќе обезбеди поголема енергетска безбедност и ќе ја намали нашата зависност од еден добавувач, ќе настојуваме да се изгради и побрзо од предвидениот рок – велат оттаму.

    Со овој проект се опфатени покрај интерконекторот со Грција (66 км) и двете други делници од гасоводната мрежа во земјава – Гостивар-Кичево (34 км) и делницата Свети Николе-Велес (28 км).

    Капацитетот на интерконекторот, како што изјави деновиве премиерот Христијан Мицкоски, му е 12 милијарди нормални кубни метри гас и треба да продолжи и во Србија.

    – Со тоа Македонија ќе стане транспортна рута за испорака на гас кон делови од Европа и да има бенефит од тој транзит – велат од Министерството за енергетика.

    Гасниот интерконектор требаше да биде завршен до средината на 2025 година и да чини 57,4 милиони евра според првичниот план. Но подоцна бројките се зголемија на 98,6 милиони евра, со најава дека проектот ќе чини и 110 милиони евра.

    Проектот запна на тендерската постапка за избор на изведувач на работите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img