ПРИСТИГНАА 11.520 ДОЗИ ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за здравство информира дека се обезбедени нови количини вакцини против Ковид-19, вкупно 11.520 дози, а во текот на неделава ќе бидат дистрибуирани до здравствените домови.

„За таа цел, сите заинтересирани граѓани, кои сакаат да примат вакцина против Ковид-19, може да се обратат до најблискиот здравствен дом. Во Скопје, вакцинацијата ќе се одвива во поликлиника ‘Бит Пазар’“, соопшти денеска Министерството за здравство.

Како што се појаснува, вакцините се наменети за возрасни и за адолесценти постари од 12 години.

Од Министерството потсетуваат дека вакцинацијата претставува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението од заразни заболувања.

„Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата со Ковид-19“, потенцираат оттаму.

Share This Article