More

    Кремљ за тврдењата дека Путин и Трамп разговарале седум пати: Не, тоа не се случи

    spot_img

    Кремљ ги отфрли тврдењата во новата книга дека рускиот претседател Владимир Путин и републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп зборувале седум пати откако Трамп ја напушти Белата куќа во 2021 година.

    „Не, тоа не се случи“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за рускиот портал РБК.

    Тоа тврдење, изнесено од неименуван советник, е објавено во новата книга на американскиот новинар Боб Вудворд, која ќе биде објавена на 15 октомври.

    Според извештајот на американските медиуми кои имале пристап до книгата, се тврди и дека Трамп тајно му испратил тестови за ковид-19 на Владимир Путин додека бил во Белата куќа, во екот на пандемијата на корона вирусот, додека имало недостаток на тие тестови во САД.

    Денеска Русија ги критикуваше и зборовите на американскиот потпретседател и демократски претседателски кандидат Камала Харис за Владимир Путин, оценувајќи дека тие ја одразуваат фрустрацијата на САД.

    Камала Харис во понеделникот рече дека нема да се сретне со Владимир Путин за да разговара за конфликтот во Украина без присуство на Киев, настојувајќи да покаже јасна разлика меѓу себе и нејзиниот републикански ривал, Доналд Трамп.

    „Да беше Трамп претседател, Путин сега ќе седеше во Киев, да биде јасно“, рече Харис. Таа додаде дека Трамп рекол дека од првиот ден кога е претседател може да ја прекине војната и нагласи дека „се работи за капитулација“.

    Во денешното соопштение, руската амбасада во САД ги осуди „неприфатливите и навредливи“ зборови на Камала Харис за Владимир Путин.

    „Тоа само ја покажува фрустрацијата и немоќта на владејачките кругови во Вашингтон“, соопшти руската амбасада и ја осуди „навредливата реторика и гнев“ на САД, што, според Москва, е одраз на нивната неспособност во односите со Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img