Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека црногорските криминални групи го користат Белград како место за пресметка и додаде дека „секое село во Црна Гора има своја организирана криминална група“.
Министерот во гостувањето на ТВ Пинк изјави дека Србија им ги отсекла нозете на криминалните октоподи од Црна Гора и дека во последните години немало мафијашки убиства.
„Не ја знам добро географијата на Црна Гора, бидејќи не сум од таа земја, но секое село таму има своја организирана криминална група и никогаш во животот не сум слушнал за тие села“, рече Дачиќ.
Тој додаде дека се додека Радоје Звичер, кој е осомничен дека е водач на криминалниот клан Каваје, е на слобода, постои опасност да му „нацрта мета на главата“ на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. .