Руската армија соопшти дека во текот на ноќта соборила 47 украински беспилотни летала, од кои речиси половина во областа Брјанск, која граничи со Украина.
„Во текот на ноќта спречени се обиди на Киев да изврши терористички напади со беспилотни летала на локации на руска територија“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„Системите за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 47 украински беспилотни летала“, од кои 24 беа во областа Брјанск, се вели во соопштението.
Пет беспилотни летала беа соборени над регионот Белгород, два над Курск, двата региони кои граничат со Украина.
Два беспилотни летала се уништени во Ростовската област во близина на украинската граница, еден во Краснодарската област на југозапад и 13 над Азовското Море.
Русија речиси секојдневно известува дека уништила украински беспилотни летала испратени на нејзина територија. Киев ги признава нападите, чија цел често се енергетски инсталации, како одговор на руското бомбардирање на Украина, кое трае повеќе од две години.