Американците најмногу ги интересираат трошоците за живот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кандидатот за претседател на САД од демократите, актуелната потпретседателка Камала Харис, води пред републиканецот Доналд Трамп со маргинални три процентни поени, се дознава од најновата анкета на Ројтерс/Ипсос.

Според анкетата, за Харис гласот би го дале 46 отсто од гласачите, додека за Трамп, 43 отсто. Резултатот укажува дека двајцата остануваат во тесна трка и дека е неизвесно кој ќе биде победник на претседателските избори во САД на 5 ноември.

Четиридневната анкета заклучно со понеделник, покажа дека Трамп, кој заостана шест процентни поени зад Харис во анкетата на Ројтерс/Ипсос од 20 до 23 септември, е префериран кандидат за низа економски прашања.  Некои гласачи би можеле да бидат поколебани од неговите тврдења дека илегалните имигрантите во земјата се склони кон криминал. Овие тврдења се во голема мера дискредитирани од аналитичари, академици и тинк-тенкови.

Испитаниците ја оценија економијата како главно прашање со кое се соочува земјата, а околу 44 отсто рекоа дека Трамп има подобар пристап за решавање на „трошоците за живот“, во споредба со 38 отсто кои ја избраа Харис.

Од низа економски прашања што треба да ги реши следниот претседател, околу 70 отсто од испитаниците рекле дека трошоците за живот ќе бидат најважни. Трамп имаше поголема поддршка од Харис во оваа област, иако гласачи со маргина од 42% до 35% сметаа дека Харис е подобар кандидат за решавање на јазот меѓу богатите и просечните Американци.

Трамп на митинзите засилено говори за широката загриженост од имиграцијата, претежно од Јужна Америка, која моментално е на највисоко ниво во САД споредено со историските податоци. Околу 53 отсто од гласачите во анкетата рекоа дека се согласуваат со изјавата дека „имигрантите кои се илегално во земјата се опасност за јавната безбедност“, наспроти 41 отсто кои не се согласуваат.

Гласачите беа потесно поделени по ова прашање во анкетата на Ројтерс во мај, кога 45 отсто се согласиија, а 46 отсто не. На предизборните собири цела година, Трамп го привлекува вниманието за наводните злосторства извршени од илегалните имигранти во земјата.

Share This Article