Во село Лактиње завршена е реконструкцијата-поставување на нов асфалтен слој во центарот на селото, во површина од околу 1140 м2.
На активностите му предходеше отсранување на стариот оштетен асфалтен слој, поставување и припрема на теренот со нанесување на тампон набивање и валирање на теренот и поставување на асфалтен слој.
Исто така извршена е санација со асфалтен слој на мостот на патот за село Годивје,во површина од околу 120 м2.
Продолжуваме во село Велмеј, каде ќе се асфалтира една улица,во должина од 110 метри и реконструкција/поставување на нов асфалтен слој на спортското игралиште пред селскиот дом.