Потпросечните врнежи во изминативе месеци доведоа до силна суша во Јужна Америка.
Ситуацијата е сериозна во многу региони на континентот и повеќе притоки на реката Амазон се пресушени.
Нивото на водата во реката Амазон опаѓа со месеци и го достигна најниското ниво во последните 120 години.
На пристаништето Манус сегашниот водостој е 12,66 метри, додека просечното ниво е 21 метар. Се очекува нивото на водата да продолжи да се намалува во текот на следните неколку недели.
Големата суша неодамна предизвика големи шумски пожари во Бразил.