More

    Ураганот Кирк се движи кон Европа

    spot_img

    Ураганот Кирк се движи кон Европа. Во централниот дел на Атлантскиот Океан тој достигна јачина од четврта категорија, со максимална брзина на ветерот од околу 230 километри на час.

    Движејќи се  североисточно кон Европа, Кирк ги остава зад себе топлите води, па се очекува денеска неговата сила да се намали на ураган од прва категорија.

    Ураганот Кирк потоа ќе помине низ процес на екстратропска транзиција, што значи дека ќе го изгуби статусот на ураган кога ќе стигне до европските брегови во вторник или во среда. Иако постојат одредени несигурности во метеоролошките модели за точниот пат на овој екстратропски циклон, се предвидува дека ќе се движи над северна Европа.

    Во Франција, Белгија, Холандија и северна Германија се очекуваат најсилни ветрови и најобилни врнежи. Ако системот се придвижи малку подалеку на север, и најјужните делови на Велика Британија, исто така, би можеле да добијат обилни врнежи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img